Британските научници ја развија првата вакцина против рак на белите дробови: Спречува размножување на смртоносните клетки
Британските научници ја развиваат првата вакцина против рак на белите дробови во светот. Ќе работи со тренирање на имунолошкиот систем да бара и уништи протеини од „црвено знаме“ кои се појавуваат на клетките на белите дробови кои имаат потенцијално канцерогени мутации.
Експерти од Универзитетот во Оксфорд, Универзитетскиот колеџ во Лондон и Институтот Френсис Крик ќе спроведат двегодишно истражување во вредност од 1,7 милиони фунти.
Ракот на белите дробови е најчесто дијагностициран рак кај мажите и сочинува 14,3 отсто од сите нови случаи на рак и 21,5 отсто од сите смртни случаи од рак кај мажите.
Седум од 10 случаи на рак на белите дробови се поврзани со пушењето
Водачот на истражувањето, професорката Маријам Џамал-Ханџани, од UCL, истакна дека помалку од 10 проценти од луѓето со рак на белите дробови ја преживуваат својата болест 10 или повеќе години – ова мора да се промени.
– Сметаме дека вакцината би можела да опфати околу 90 отсто од сите карциноми на белите дробови. Тоа нема да го замени престанокот со пушење како најдобар начин да го намалите ризикот од рак на белите дробови, но може да понуди начин за спречување на некои видови рак во нивните најрани фази.
Белите крвни зрнца учат да ги препознаваат овие протеини („црвени знамиња“) и да ги елиминираат, спречувајќи смртоносните клетки да се размножуваат и да формираат тумор.
Истражувачите прво ќе ја тестираат технологијата во лабораторија, а потоа ќе започнат испитувања на луѓе, почнувајќи со средовечни пушачи со висок ризик од рак на белите дробови.
Науката го тренира нашето тело да се бори со ракот по природен пат
– Ракот е болест на нашите тела и имунолошкиот систем тешко разликува што е нормално од рак. Да се натера имунолошкиот систем да го препознае и нападне ракот е еден од најголемите предизвици во истражувањето на ракот денес. Ако успееме да го повториме успехот забележан во испитувањата за време на пандемијата, би можеле да спасиме животи на десетици илјади луѓе секоја година само во Велика Британија – рече проф. Тим Елиот, од Универзитетот во Оксфорд.
Мишел Мичел, извршен директор на Cancer Research UK, додаде:
– Ние сме во златното доба на истражување и ова е еден од многуте проекти за кои се надеваме дека ќе го промени преживувањето од рак на белите дробови.