Британците јавно објавија: “Знаеме која моќна членка на ЕУ ја блокира испораката на оружје во Украина, бараат гаранција!“
Според британскиот весник The Telegraph, Франција е обвинета дека го блокирала планот на Европската унија за зголемување на испораката на оружје и муниција во Украина со барање гранати истото да се произведуваат исклучиво само во рамките на Унијата.
Повикувајќи се на анонимни извори, весникот пишува дека Париз бара гаранции дека од договорот за заедничка набавка на оружје, вреден две милијарди евра, за кој во моментов разговараат земјите-членки ќе имаат корист само земјите-членки на ЕУ.
На неформалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ, високиот преставник на европската дипломатија Жозеп Борел повика да се распределат една милијарда евра од буџетот на ЕУ за земјите-членки за да се компензираат националните залихи поради залихите на оружје во Украина.
Според планот на Борел, уште една милијарда евра ќе бидат искористени за заедничко купување дополнителна муниција за надополнување на националните резерви со надеж дека поголемите нарачки ќе значат пониска цена.