Бритни Спирс конечно објасни зошто постојано објавува голи фотографии на Инстаграм: “Знам дека многу луѓе не разбираат…“

Бритни Спирс во своите претстојни мемоари „The Woman in Me“ објасни зошто често позира гола на фотографиите споделени на социјалната мрежа Инстаграм, пренесува Page Six.

Знам дека многу луѓе не разбираат зошто сакам да се фотографирам гола или во нова облека… Но, мислам дека би разбрале доколку другите луѓе ве фотографираат илјадници пати, ако ве ‘боцкаат’ и ве прашуваат да позирате. Тогаш би разбрале дека навистина уживам да позирам онака како што се чувствувам најдобро и најсекси“, пишува пејачката.

Бритни Спирс, која беше под старателство на нејзиниот татко од 2008 до 2021 година, во последните години сподели безброј голи фотографии и видеа на социјалните мрежи, покажувајќи го своето тело на плажите ширум светот и позирајќи топлес.

Провокативните објави се причина за кавгата меѓу пејачката и нејзините два сина Престон (18 г.) и Џејден (17 г.), кои ги доби со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.

Бритни Спирс, всушност, не ги видела Престон и Џејден речиси две години, но таа неодамна потврди за Page Six дека тие повторно се поврзале „по телефон“, пред тинејџерите да се преселат на Хаваи со нивниот татко во август. Извори, исто така, изјавија за Page Six дека поп-ѕвездата разговарала со децата за нејзината книга, која се појавува во книжарниците ширум светот оваа недела.

И покрај нивното отуѓување, Бритни Спирс им ја посвети „The Woman in Me“ на Престон и Џејден, пишувајќи на почетокот на книгата дека тие се „љубовта на нејзиниот живот“.