Бритни Спирс нема да му даде ниту денар на поранешниот маж: Залудно ѝ се заканува со тајни, пејачката е заштитена со предбрачен договор! (фото)

Актерот и фитнес тренер Сем Асгари (29) нема да добие ништо од Бритни Спирс (41) во случајот за развод.

Според предбрачниот договор, во случај на развод, Сем би добивал 1 милион долари за секои две години брак. Сепак, тој и Бритни се разделија по само 14 месеци.

Без оглед на предбрачниот договор, TMZ дознава дека е можно популарната пејачка да му даде на својот поранешен сопруг еднократен чек за да не ги издаде сите нејзини тајни.

Но и овде пејачката наводно е заштитена со договор.

Имено, како што пренесуваат странските медиуми, во предбрачниот договор стои дека е забрането објавување информации во јавноста. Иако во медиумите се појави дека Сем ја уценува Бритни и дека ќе го објави срамното видео доколку не добие пари, неговиот претставник Брендон Коен ги демантираше тврдењата за Холивуд Репортер.

– Сите тврдења се лажни и нема никаква злоба насочена кон Бритни, ниту пак ќе има некогаш. Сем секогаш ќе ја поддржува, рече тој.