Брнабиќ: Вучиќ во последните четири дена направи повеќе за Србија од повеќето наши „истакнати“ политичари во целиот свој политички век
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер, го пофали претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бидејќи направил повеќе за оваа земја во последните четири дена од многу политичари во целиот свој политички век.
– Ова е суштината на сè: претседателот Александар Вучиќ направи повеќе за Србија, нашиот народ и сите наши граѓани во последните четири дена од повеќето наши „истакнати“ политичари во целиот свој политички век. Хероите се познати во маките, а во тешките и предизвикувачки времиња, големите лидери – напиша српската премиерка Брнабиќ.