Брнабиќ пред дијалогот со Косово: Нема да биде лесно, имаме црвени линии

Ана Брнабиќ, премиерка на Србија, изјави дека утрешниот дијалог меѓу Белград и Приштина сигурно нема да биде лесен. Таа посочи и дека Белград поставил црвени линии.

Да потсетиме, премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе одржат средба во Брисел во рамки на дијалогот Косово-Србија со посредство на Европската унија. Единствена тема на средбата ќе биде прифаќањето на предлогот за европскиот договор за Косово.

Таа посочи дека од оваа рунда разговори очекува формирање на заедница на српски општини и оти верува дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе може да ги заштити националните интереси на државата Србија.

– Ако Вучиќ сакаше да го признае Косово и капитулацијата, требаше само да не направи ништо, бидејќи неговите претходници го продадоа, капитулираа, изневеруваа и го дадоа тоа што никој не го побара – рече Брнабиќ.