‘Вајмарска тројка’: “Преговорите со ЕУ ќе го нагласат владеењето на правото, напредокот во оваа сфера е клучно“

Владеењето на правото за секоја држава е еден од клучните сегменти, а напредокот во оваа сфера е пресуден, порачаа денес државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Лоранс Бун, министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија, Ана Лирман, како и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк.

Тие на заедничката прес-конференција по средбата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, одговорајќи на новинарски прашања, објаснија дека секоја земја е под лупа за правосудниот систем и ниту една во однос на тоа прашање нема посебен третман.

Преговорите со ЕУ ќе го нагласат владеењето на правото, како и во сите земји во процесот на пристапување, порача „Вајмарската тројка“.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска беше домаќин на министерката за Европа на Сојузна Република Германија Ана Лирман, на државнат секретарка задолжена за Европа при Совето

Сите сме предмет на рецензии на владеење на правото и проверки, на информаци и дезинформации, треба да ја зајакнеме слободата и независните медиуми, сите сме под лупа за правосудниот систем, сите треба да минеме низ процесот за да ги заштитиме Уставот и демократијата. Нема посебен третман, ист е третманот како и ние што го имаме, тоа не одликува нас од понедемократскиот сосед“, истакна Лоранс Бун.

Според Ана Лирман, кога ќе поминат уставните измени и кога формално ќе почнат преговорите со отворњето на првите поглавја, кластерот за владеење на правото ќе биде клучен.

Уверени сме дека со посветеноста на Владата и реформите може да се оствари напредок многу брзо, особено зашто за народот на Северна Македонија напредокот во владеењето на правото е пресуден – ќе помогне во борбата против корупцијата, во зацврстувањето на демократијата и во градењето на просперитетот. Преговорите со ЕУ ќе го нагласат владеењето на правото, како и во сите земји во процесот на пристапување. Многу е јасно дека пристапувањето во ЕУ е прецизно уреден процес со неколку поглавја кои моментно се во фаза на технички скрининг. Вицепремиерот доаѓа редовно во Брисел и овие средби минуваат многу добро, се остварува напредок“, напомена Ана Лирман.

Министерот Шинковски вел Сенк повтори дека има услови што мора да се исполнат за членство во ЕУ, но мора и да и се оддаде признание на Северна Македонија за што направи во изминатите години.

Дојдовме не само да донесеме некакво очекување и услови, туку и да ја изразиме нашата поддршка заедно, да изразиме разбирање за чекорите што Северна Македонија веќе ги направи минатите гоидни. Важно е да се оддаде принзнаие на сите ваши напори, важно е да се оддаде признание од ЕУ. Секако имаме одредени услови што ќе треба да ги исполните по овторање на прговорите, но сосема сте во право да очекувате отворање на кластерите со надеж до крајот на годината и ќе ве поддржиме на тој пат“, кажа Шимон Шинковски вел Сенк