Вереницата на Џеф Безос открива детали за најсреќниот момент во животот: “Кога ми го покажа, за малку ќе се онесвестев!“

Лорен Санчез детално го опиша романтичното запросување на Џеф Безос, кој наскоро ќе и стане сопруг, а откри и дека големината на блескавиот дијамант ја оставила целосно без зборови.

Поранешната ТВ ѕвезда се присети на моментот кога основачот на Amazon го поставил „најважното прашање“ на неговата ултра луксузна јахта за време на филмскиот фестивал во Кан овој мај.

слика
Лорен Санчез и Џеф Безос 

Кога ја отвори кутијата, мислам дека малку се онесвестив“, изјавила Лорен Санчез за декемвриското издание на магазинот Vouge.

Според Page Six, нејзиниот прекрасен прстен e од 20 карати i вреди неверојатни 2,5 милиони долари. Лорен Санчез  додала дека нејзиниот 59-годишен убавец и го ставил прстенот под перницата и дека била во целосен шок кога конечно сфатила дека тој ја запросува.

Се уште размислуваме за свадбата и каква ќе биде. Дали ќе биде голема ? Дали ќе се одржи во странство ? Сè уште не знаеме. Свршени сме само пет месеци“, открила таа за Vogue.

слика
Џеф Безос и Лорен Санчез 

На прашањето за нејзината венчаница, Лорен Санчез кажала дека има неколку идеи, но и дизајнери кои би сакала да ги ангажира за фустанот.

Наведувајќи ги Christian Dior, Dolce & Gabbana и Valentino како некои од нејзините омилени модни куќи, идната г-ѓа Безос вели дека во овој момент не донела никакви цврсти одлуки.

Има толку многу неверојатни дизајнери, морам добро да размислам“, кажала таа.

Двојката одржа фантастична вереничка забава во Беверли Хилс, Калифорнија, во домот на дизајнерката Дајан Фон Фурстенберг и медиумскиот магнат Бери Дил во неделата, ексклузивно открива Page Six.

Како што беше и очекувано, на прославата дојдоа голем број познати личности, од Опра Винфри и Барбра Стрејсенд до Ким КардашијанКрис Рок и Салма Хајек

Двојката е неразделна откако почнаа да се забавуваат во 2018 година. Имено, нивната љубовна приказна започна во 2019 година, но се дружеа во тајност додека не се финализираше разводот на милијардерот со сопругата Мекензи Скот, со која беше во брак 25 години. Гласините за свршувачката на парот првпат почнаа да се вртат во декември 2019 година, кога Лорен Санчез беше видена како носи огромен прстен во форма на срце.