Веќе 2 децении е среќно омажена за 11 години помлад фудбалер: Сопругата на Златан Ибрахимовиќ ја ,,гази” шестата деценија, а нејзиното извајано тело сè уште мами воздишки

Златан Ибрахимовиќ е еден од најпознатите и најуспешните фудбалери на денешницата, но и покрај тоа неговата сопруга Хелена Сегер сè уште привлекува внимание со згодната фигура и неверојатно младешкиот изглед на 52 години.

Прекрасната поранешна шведска манекенка го одржува своето тело во завидна форма, иако гордо е во шестата деценија . Имено, Хелена е висока околу 170 сантиметри, а нејзината тежина се движи од 52 до 55 килограми, па овие бројки ни кажуваат дека има речиси идеална градба, иако таа смета дека нејзините нозе се прекратки, а усните преголеми.

profimedia0087644046.jpg

Очигледно е дека нејзината тежина не се менувала со годините и дека секој мускул на нејзиното тело е извајан, па на нејзината витка линија и завидуваат и многу помлади дами. Но, за да има прекрасен изглед, поубавата половина на Златан редовно оди на тренинзи, а тајната е во тоа што таа секогаш користи тегови за време на тренинзите . Обрнува внимание и на она што го внесува во своето тело и се труди да не јаде често нездрава храна, пишува Стил.

Од друга страна, таа не троши премногу време на изборот на модни комбинации, нагласувајќи дека подобро се чувствува во фармерки отколку во дизајнерски фустани. Не сака шопинг, нема домашна помошничка и ужива во брзо возење на својот мотор.

Оваа убавица речиси две децении е вљубена во фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, со кој има две деца . И нивната романса не престанува да ја интересира јавноста, бидејќи Хелена е 11 години постара од него.

Сепак, таа не сака да има статус на „сопруга на фудбалер“ како многу други и ги избегнува медиумите , речиси никогаш не дава интервјуа, па навистина ретко се гледа, дури и на настани организирани во чест на Златан. Се шушкаше дека аферата на сопругата го потресла нивниот брак, но сега изгледа дека повторно се е во ред, а Ибрахимовиќ се труди да биде најдобриот сопруг што може, колку и да им е тешко на луѓето да поверуваат.