Видеото на матурантот го видоа милион луѓе и сите се изненадени: Она што тој ѝ го направи на девојката, никој не би го направил (видео)

Матурантите моментално се една од главните теми на социјалните мрежи, а во морето од објави во кои главно е како некој се облекува, се издвои видеото објавено од матурант од Белград.

Иако девојката носеше црн долг светкав фустан во форма на корсет за матурската вечер, тоалетот и’ падна во втор план, а тоа беше поради нејзиниот придружник на матурата, поточно поради неговите манири.

Ја отвори вратата и ја држеше за рака

Многумина воодушеви џентлменскиот чин на момчето кое ја придружуваше својата соученичка на матурата, во која ја отвори задната врата од нејзиниот автомобил и ја подаде раката за да ја пушти да излезе. Покрај тоа, тој и’ помогнал држејќи и’ го букетот цвеќе, што дополнително ги разгалил корисниците на TikTok.

Видеото е снимено пред еден белградски хотел, а досега го погледнале околу милион и пол луѓе.

Голем број корисници на TikTok коментираат дека овие млади луѓе се пример за изгледот и однесувањето на матурантите.