ВИДЕО | “АКТЕРОТ ГО УКРАДЕ ШОУТО!“ – Додека на теренот се играше атомски тенис, сите погледи беа вперени кон Бред Пит во ВИП ложата на Вимблдон: “Овој човек не старее!“

Сите се уште зборуваат за маестралната победа на Шпанецот Карлос Алкараз над Србинот Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон, но покрај самите тенисери, големо внимание на светските медиуми привлекоа и познатите фаци кои го следеа натпреварот од трибините.

А најголемата ѕвезда дефинитивно беше Бред Пит. Имено, познатиот холивудски актер и двократен оскаровец моментално снима филм за Формула 1 во Европа, па често се појавува на големите Европски настани.

Бред Пит

Откако беше виден на ГП трката во Велика Британија, снимањето на неговиот нов проект беше прекинато поради штрајкот на синдикатот SAG-AFTRA во Холивуд, но наместо да се врати во САД, миленикот на дамите остана во Велика Британија за да ужива во тенис од врвна класа. Тој претходниот ден беше забележан во ВИП ложа во друштво на режисерот Гај Ричи и продуцентот Џереми Клајнер.

Неверојатно! Бред Пит има 59 години. Тој е три години постар од двата натпреварувачи на теренот заедно – Новак Ѓоковиќ има 36, а Карлос Алкараз само 20 години. Но, и покрај значајните разлики во годините, Бред Пит, Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз изгледаат речиси на иста возраст… Тој човек едноставно не старее! Во што е тајната ?!“, ова се само дел од пишувањата на светските магазини за изгледот на Бред Пит.