ВИДЕО | АЛАРМАНТНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ДО СИТЕ ГРЦИ – “Атмосферата ќе експлодира, можно е создавање ураган во Медитеранот!“, дали бурата “Даниел“ е закана и за Македонија !?

Државниот хидрометеоролошки институт на Грција соопшти дека во ноќта од вторник кон среда во регионот околу планината Пелион во централниот дел на земјата ќе наврне дожд од 650 до 700 милиметри, а во градот Кардиси, главен град на истоимената префектура, се очекуваат помеѓу 550 и 600 милилитри.

Грчките метеоролози нагласија дека околу главниот град на земјата, Атина, во просек за една година паѓаат 400 mm дожд.

Последица на тоа е т.н омегата на антициклонскиот блок, кој носи екстремно топло време во Франција, и навлегувањето на значително посвеж воздух до прегреаното тло и исклучително топлото море во Грција. Во таква ситуација атмосферата ќе „експлодира“ со обилни грмотевици, пренесуваат соседните медиуми.

слика
Последици од невремето во Грција

Метеоролозите соопштија дека бурата по име „Даниел“, која во понеделникот донесе дожд во западниот и централниот дел на Грција, што потоа предизвика поројни поплави, ќе предизвика обилни дождови и невреме, а ќе донесе грмежи, град и силен ветер во Егејското Море.

Полицијата на жителите на островот Скијатос во вторникот непосредно пред 13 часот им порача да не ги користат своите автомобили бидејќи бурата „Даниел“ ги поплави патиштата. Сите на островот потоа добија предупредувачка СМС порака. Локалните медиуми пишуваат дека властите на островот побарале да се прогласи вонредна состојба на островот поради временските услови.

Грчките медиуми претходно во вторникот објавија дека пожарникарите изјавиле дека маж од Волос загинал кога врз него паднал ѕид поради силно невреме. Како што пишува медиумската агенција AMNA, човекот бил одгледувач на крави, а ѕидот паднал врз него кога се обидел да стигне до своите животни. Неговото тело од под ѕидот го извадиле 10 пожарникари испратени на местото на настанот.

Уште еден човек е исчезнат бидејќи го однела поплавата. Според Јоанис Артопоиос, портпарол на противпожарната служба на Волос, човекот исчезнал откако неговиот автомобил бил однесен од поплавата. 

Неговиот син излезе од автомобилот. Го бараме човекот“, рекол Јоанис Артопоиос.

Грчките власти го ограничија сообраќајот околу Волос и планината Пелион.

слика
слика
слика

Премиерот на ГрцијаКиријакос Мицотакис, во вторникот побара од сите Грци да ги следат упатствата издадени од пожарникарите, полицијата и другите служби.

Како што пишуваат грчките медиуми, откако ќе ја опустоши Грција, омега антициклонскиот блок ќе се движи кон бреговите на Африка и во тој процес ќе стане уште посилен, така да овој циклон не претставува потенцијална закана за Македонија. Поради натпросечното топло море, можен е и развој на урагани.