ВИДЕО | Барселона има ново чудо од дете: Минатата сезона играл во трета лига, а сега ги импресионирал сите со неговата игра – погледнете

Прелиминарните натпревари се секогаш можност за младите фудбалери да се изборат за најдобрата можна позиција во регуларниот дел од сезоната, а Фермин Лопез се обидува да ја искористи таа можност максимално. Овој 20-годишен фудбалер ги воодушеви сите во досегашниот дел од подготовките на Барселона.

Младо момче кое ги изненади сите“- вака гласеше насловот на шпанскиот весник Marca кој објави текст за играчот кој на 15 години пристигнал на „Камп Ноу“ од Бетис, а лани играл одлично како позајмица во третолигашкиот клуб Линарес. Тренерот на „Каталонците“, Чави го земал на тренинг каде ги воодушевил соиграчите но и стручниот штаб.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ПОТЕГИТЕ НА ФЕРМИН ЛОПЕЗ МИНАТА СЕЗОНА

Ми се допаѓа многу. Никогаш до сега не сум играл со него и гледам дека е квалитетен и има многу знаење“, истакнал Педри, кој е врсник на Фермин Лопез.

Една година помладиот Алехандро Балде играл со Фермин Лопез.

Порано игравме заедно во детски категории. Тој е одличен фудбалер и сега конечно го покажува тоа“, изјавил тој.

Фермин Лопез минатата сезона постигнал 12 гола и имал пет асистенции додека бил на позајмица во Линарес. Го носел бројот ’10’, а освен природната позиција во средниот ред знае да игра и на лево крило и како лажна деветка. Тој на првите тренинзи на Барселона за следната сезона покажал дека за него има место во редовите на клубот, па може да биде новото дете од клупската академија на кое му се предвидува блескава кариера.