ВИДЕО | Безбедносна камера снимила невидена драма во Виена: Тинејџер од Босна и Херцеговина со пиштол се заканува на маж и две деца на сред улица поради бизарна причина

Млад човек од Босна и Херцеговина (19 г.) сам се пријавил во полиција откако жител на Виена по име Томаш К. јавно објави видео-снимка на која се гледа како тинејџерот му се заканува со пиштол додека неговото семејство е во автомобилот.

Инцидентот се случил на 3. јануари, кога Томаш К. се возел низ улиците на Виена со две деца и неговата 73-годишна мајка. Во еден момент, млад човек на електричен скутер излетал пред неговиот автомобил и за секунда подоцна го удрил.

Камерата на Томас К. го снимила инцидентот и се што следело. Се гледа како младиот човек го остава скутерот, му приоѓа на возачот, а потоа во еден момент вади пиштол и му се заканува!

После се, Томас К. решил видеото да го објави во медиумите, а младиот човек брзо бил пронајден откако неколку луѓе го препознале. Станува збор за млад човек од БиХ кој живее во Херналс.

На убедување на мајка му, во придружба на семејството, младиот човек отишол во најблиската полициска станица и се предал. Тој рекол дека не станува збор за вистински пиштол, туку за воздушен пиштол, кој наводно во меѓувреме му бил украден. Тој исто така рекол дека жали за целиот инцидент.

И покрај неговото каење, против него е поднесена пријава за упатување опасни закани.