ВИДЕО | ВАКВА ДОМИНАЦИЈА НЕ СЕ ПАМЕТИ! Уште едно нереално остварување на Никола Јокиќ: Србинот успеа да направи нешто што никој го нема направено во последните 40 години

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ сезонава продолжува да ги поместува границите во најсилната лига на светот.

Во поразот на Денвер Нагетс од Сакраменто Кингс, маестралниот Сомборец постигна импресивен трипл-дабл, негов осми сезонава, а вкупно 113-ти во кариерата во НБА лигата.

Натпреварот го заврши со 36 поени, 14 асистенции и 13 скока.

Посебно импресионира фактот што вторпат по ред оствари трипл-дабл со 30+ поени без загубена топка! Никој не успеал да го направи тоа во последните 40 години.