ВИДЕО | Видео кое ја шокираше Шпанија: Манијак малтретира жени на улица, а потоа нокаутира една без причина

Надзорните камери во Барселона снимија шокантен напад на маж врз неколку жени кои чекаат на метро станица.

На видеото се гледа како маж оди на платформата и малтретира жени. А потоа како трча кон девојка, која гледала во нејзиниот телефон и не видела како насилно доаѓа кон неа. Ударот бил толку силен што самиот напаѓач изгубил рамнотежа и паднал на земја.

Девојчето избегало без повреди опасни по живот, а напаѓачот, добро познат на полицијата разбојник, набрзо бил уапсен. Причината за избезумениот напад не е позната, а полицијата се обидува да утврди дали напаѓачот бил под дејство на алкохол или дрога.