ВИДЕО | ВИСТИНСКИ ХАОС – Торнадо ‘изненадувачки’ се појавило на позната плажа во Флорида: “Панично ги земав децата во раце и бегав колку што можам подалеку…“

Водна пијавица која се формирала над океанот ненадејно се упатила на плажата „Холивуд“ во Мајами, Флорида, по што посетителите панично побегнале.

Јас сум од Мичиген и никогаш во животот не сум видела вакво нешто“, изјавила Деби Бјуик, која била сведок на необичната појава, за американските медиуми.

На видеата се гледа огромна пијавица која претходниот ден околу 12:00 часот по локално време се формирала над океанот. Многу посетители на плажа на почетокот мирно гледале како се формира еден вид водено торнадо.

Беше толку лошо. Доаѓаше директно на плажата. Луѓето полудеа, а некои не ни забележаа дека доаѓа“, изјавил еден посетител.

Други луѓе забележале како се приближува водената пијавица и брзо ја напуштиле плажата.

Кога сфативме дека се приближува, ги грабнав децата и се сокривме во гаражата. Таму се заклучивме во бањата бидејќи не бев сигурна дали ќе биде нешто опасно“, изјавила Сара Мартинез за тамошните медиуми.

Националната метеоролошка служба издала предупредување за торнадо откако водената пијавица паднала на копно, но набрзо истото било отстрането. Кога водната пијавица ќе излезе на брегот, експертите ја сметаат за торнадо.

Ветровите од торнадото расфрлале столици и чадори пред торнадото да се уништи.