ВИДЕО | Владимир Путин се закани и најави какви мерки ќе превземе Русија доколку биде нападната со ‘забрането оружје’ од Украина: “Имаме доволно залихи, ќе…“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека Русија има „доволни залихи“ на касетни бомби и порача дека Москва го задржува правото да ги користи доколку таква муниција се користи против руските сили во Украина.

Секако, доколку ги искористат против нас, го задржуваме правото да преземеме реципрочни дејствија“, изјави Владимир Путин во интервју за државната телевизија, чии делови беа објавени денеска.

Медиумската агенција Reuters потсетува дека Украина добила касетни бомби од САД, муниција која е забранета во повеќе од 100 земји. Се наведува дека официјален Киев ќе ги користи само за истерување концентрирани формации на непријателски војници.

Олександр Тарнавски, украински бригаден генерал, потврди за CNN на крајот на минатата недела дека Украина ја примила контроверзната касетна муниција од САД.

Само што ја добивме. Сè уште не сме ја користеле, но може радикално да ја промени ситуацијата на фронтот“, изјави Олександр Тарнавски во интервју за споменатата американска телевизиска мрежа и додаде: „И непријателот знае дека ќе имаме предност со оваа муниција“.

Непријателот ќе ни остави дел од теренот каде што е можно да го искористиме“, тврди украинскиот генерал, нагласувајќи дека касетната муниција нема да се користи во густо населените области, дури и ако тие биле окупирани од руските сили.