ВИДЕО | ВЛАДИМИР ПУТИН ЈА ПОКАЖА СВОЈАТА ГОЛЕМИНА! Претседателот на Русија го отвори самитот во Санкт Петербург со лидерите на Африка и вети 50.000 тони бесплатно жито
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес го отвори самитот Русија-Африка во Санкт Петербург со ветување дека ќе испорача бесплатно жито во следните месеци во шест африкански земји.
„Во наредните месеци ќе можеме да обезбедиме бесплатни испораки од 25.000 до 50.000 тони жито“, рекол Владимир Путин во говорот што го пренесоа руските медиуми.
Како што наведе, зрната ќе бидат доставени во Буркина Фасо, Зимбабве, Мали, Сомалија, Централноафриканска Република и Еритреја.
Африканските земји изразија загриженост по неодамнешното раскинување на договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море.
Овој дводневен самит Русија-Африка што се одржува во Санкт Петербург е втор ваков собир, а првиот што се одржа во октомври 2019 година во Сочи.
На самитот во родниот град на Владимир Путин се планирани повеќе од 50 средби на тркалезни маси на бројни теми, од економска соработка до храна, преку енергија, безбедност, образование и здравство.