ВИДЕО | ВО ГРЦИЈА БЕСНЕЕ СТРАШЕН ПОЖАР – ЕУ итно мобилизира огромна помош: “Вакво нешто досега не сме виделе!“
„Грција се соочува со најголемиот пожар некогаш регистриран на територијата на Европската унија“, изјави во вторникот портпаролот на Европската комисија, истакнувајќи дека 27-те земји-членки на ЕУ во моментов мобилизираат речиси половина од заедничките европски воздушни сили за да и помогнат.
За помош на Грција се испратени 11 авиони и еден хеликоптер од европската флота. Огнената стихија го зафати Националниот парк Дадија на североистокот на земјата. Таму се испратени и 407 пожарникари, соопшти портпаролот на ЕК, Балаш Ујвари.
Во август, Грција го активираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ по втор пат ова лето, а ЕУ распореди 11 противпожарни авиони rescEU од Хрватска, Франција, Германија, Шпанија, Шведска и Кипар, хеликоптер Blackhawk од Чешка, 407 пожарникари и 62 возила од Бугарија, Кипар, Чешка, Франција, Романија, Словачка и Србија.
Веќе 11-ти ден грчките пожарникари се борат со пожарот што беснее низ националниот парк, кој е познат како живеалиште на бројни ретки птици грабливки. „Пожарот, кој се протега долж фронтот од речиси 10 километри, се уште е надвор од контрола“, изјави портпаролот на пожарникарите за AFP.
Грција летово беше опустошена од бројни пожари, а властите ги припишуваат причините на климатските промени.
ЕУ има флота од 24 авиони и четири хеликоптери. Создаден е од земјите-членки за гаснење пожари во земјите на ЕУ и во соседните земји.
Европската унија работи на создавање автономна воздушна ескадрила која сама ја финансира, составена од 12 авиони кои целосно ќе бидат оперативни до 2030 година, со оглед на тоа што, како што истакна Балаш Ујвари – „пожарите се сè поразорни“.