ВИДЕО | ВО ПОЈАСОТ ГАЗА ВЛЕГОА ИЗРАЕЛСКИТЕ ТЕНКОВИ – Клучниот пат е пресечен, се создава вистински хаос !?

Странските медиуми пишуваат дека очевидци забележале израелски тенкови на периферијата на Појасот Газа, пренесува AFP.

Израелски тенкови се забележани на периферијата на градот Газа, пресечен е клучниот пат“, се наведува во извештајот што денес беше споделен.

Клучниот пат е отсечен, јавува France Press, повикувајќи се на очевидци од местото на настаните.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) пак соопштија дека ги прошириле копнените маневри во Појасот Газа, а објавија и видео-снимка од воените операции. Видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

Во енклавата влегоа дополнителни сили, вклучително и оклопни и инженерски трупи, како и артилерија“, изјави портпаролот на ИДФ, генерал Даниел Хагари.

Според него, во текот на ноќта таму биле убиени десетици членови на Хамас.