ВИДЕО | Градоначалникот на Белград повторно ги “сруши“ социјалните мрежи во регионот: Погледнете како имитираше почеток на целтрален дневник на една српска телевизија
Градоначалникот на главниот град на Србија, Белград, Александар Шапиќ, повторно стана хит на социјалните мрежи откако застана пред камерите на телевизијата N1 и го кажа своето мислење за известувањето на телевизијата.
Тој зборуваше односно рефлектираше како гледа на најавата т.е. стартот на дневникот на N1 во 19 часот.
„Но, не е се црно. Знаете што, кога ќе почне вашата најава за дневникот: ду, ду, ду, ду, ду, ду, ду, ду, ду – мислам дека започнува војна. Вие создавате немир. Мајко родена, вие носите немир, кажувате дека се е црно, се е темно, се е најлошо… Па не е баш така“, вели Александар Шапиќ во видеото кое ги „бутна“ социјалните мрежи во регионот.
Видео-снимката од овој момент можете да ја погледнете ОВДЕ.
Да потсетиме, ликот и делото на Александар Шапиќ и претходно беа вирални на социјалните мрежи. Минатиот месец тој изјави дека тоа што на улиците на Белград има 5.000 бездомници е доказ дека градот под негово раководство станал метропола.
„Фактот што на улиците на Белград има 5.000 бездомници е доказ дека Белград стана европска метропола, бидејќи најбогатите градови имаат проблем со бездомниците“, изјави тогаш Александар Шапиќ.