ВИДЕО | ГРЦИТЕ ОБЈАВИЈА ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА – Погледнете ги последните моменти од животот на убиениот навивач на АЕК: “Ова е многу страшно…“
Грчкиот веб-портал Protothema објави шокантни видеа од последните моменти од животот на убиениот навивач на АЕК, Михалис Кацурис, од страна на хрватските хулигани т.е. навивачите на Динамо Загреб.
Видео-снимката ја проучуваат грчките власти за да се идентификува убиецот, поточно лицето кое фатално го избоде 29-годишното момче.
Едно видео покажува дека Михалис Кацурис трча кон киоск во сина маица, шорцеви и качулка на лицето. Носел ракавици, а во левата рака носел шлем. Влегол во крвав во киоскот и седнал зад ладилникот за сладолед, додека продавачите зачудено го набљудувале.
Луѓето му дале хартија да се избрише, но тој не можел ниту да ја крене главата, а крварењето продолжило. Едно лице дошло да му понуди вода додека седел таму, а тоа лице се обидело да извести некого за драмата што се одвивала таму.
Потоа на видеото се гледа како Михалис Кацурис се обидува да стане, но тој повторно паднал. Во следните минути тој дополнително изгубил сила поради обилно крварење набрзо починал.