ВИДЕО | Ема Хеминг Вилис си ја отвори душата за здравјето на нејзиниот сопруг: “Не знам колку Брус е навистина свесен за тоа што се случува околу него…“

Сопругата на актерот Брус ВилисЕма Хеминг, беше на работ на солзи додека зборуваше за состојбата на нејзиниот сакан во утринската телевизиска емисија „Today“ на телевизијата NBC

Таа гостуваше во емисијата по повод Меѓународната недела на свеста за фронтотемпорална деменција (ФТД), за да ги сподели со сите искуствата на семејствата на заболените. Ема Хеминг во последните месеци е многу активна преку јавните настапи и социјалните мрежи, во запознавање на јавноста со оваа болест, која драстично го менува животот на пациентот и неговата околина.

На акциониот херој (68 г.) минатата година му беше дијагностицирана ФТД, а видно емотивната Ема Хеминг (45 г.) се отвори за тоа како живеат сега и призна дека е тешко да се знае дали Брус Вилис е свесен за се што се случува. Борејќи се со солзите, таа раскажа како се справува со тагата и болката додека гледа како напредува болеста на нејзиниот сопруг.

Научив дека деменцијата е тешка. Тешко е за личноста со дијагноза, но и за целото семејство. Нема разлика за Брус Вилис, мене или нашите девојки. Кога велат дека тоа е болест која го погодува целото семејство, навистина се во право“, вели Ема Хеминг.

Брус Вилис и Ема Хеминг имаат две ќерки, Мејбел (11 г.) и Евелин (8 г.), а актерот од бракот со Деми Мур има уште три возрасни ќерки – Румер (35 г.), Скаут (32 г.) и Талула (29 г.).

Ема Хеминг во емисијата објасни дека секогаш била отворена кога разговарала со ќерките за состојбата на нивниот татко, како што секогаш се разговарало за се во нивната куќа.

Најважно беше да можам да кажам и објасниме за каква болест се работи. Затоа што, кога имаш објаснување од медицински аспект, тогаш многу подобро разбираш што се случува, некако се има повеќе смисла“, вели Ема Хеминг и додава: „Затоа беше важно да им кажам на девојчињата затоа што не сакам да поврзувам никаква стигма или срам со болеста на нивниот татко или каква било форма на деменција“.

А кога станува збор за самиот актер, неговата сопруга искрено призна дека е тешко да се знае колку е свесен за се што му се случува и што се случува околу него. Таа исто така вели дека кога точно се утврдило што не е во ред со него и кога му била дијагностицирана болеста, тоа било и благослов и проклетство.

Конечно можев да разберам што се случува со тоа што почнав да го прифаќам како што е“, објаснува таа и додава: „Тоа не ги прави работите поедноставни и помалку болни. Но, почетокот на прифаќањето на реалноста и фактот дека знаете за што се работи, носи одредено олеснување“.

слика
Ема Хеминг

Опишувајќи го нивниот сегашен живот, таа топло ја опиша неговата поранешна сопруга како „најголемиот подарок“ и кажа дека сите, како семејство, станале посилни, поотпорни и уште повеќе се сакаат откако на Брус Вилис му била дијагностицирана деменција. Рекла и дека одбива да се нарече „чувар на нејзиниот сопруг“ и се нарекува негов „грижлив партнер“.

Ема Хеминг навистина се труди редовно да ги информира многубројните обожаватели на нејзиниот сопруг, кои беа многу тажни поради неговата болест, за се што се случува. Таа неодамна на својот профил на социјалните мрежи објави колаж од фотографии од неговите најпознати филмови.

Фронтотемпоралната деменција на Брус Вилис е редок вид на деменција што предизвикува проблеми со однесувањето и говорот. Понекогаш се нарекува Пикова болест или деменција на фронталниот лобус. Првите видливи симптоми на ФТД се промени во личноста и однесувањето и тешкотии во говорот.