ВИДЕО | Жена доживеала тотален нервен слом во момент пред полетување со авион: “Сите вие можете да умрете, ова е вистина!“ – погледнете ја драмата

Една жена во авион на компанијата American AirLines доживеала нервен слом, а видеото од вознемирената патничка која тврди дека наводен маж од задниот дел на авионот „не е вистински“ набрзо стана многу популарно на Интернет.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи, жената со брз чекор оди кон излезот на авионот и објаснува кои се причините зошто го напуштила летот.

Ти велам, се симнувам од овој ебан авион и имам проклето добра причина за тоа“, вели жената додека брза кон излезот од авионот.

Сите можете да ми верувате или не – не ми е гајле! Но, јас ви велам – тој маж таму не е вистински!“, продолжила да вика хистеричната жена.

Видеото потоа покажува како, по нејзините зборови, сите патници се свртуваат кон задниот дел на авионот за да видат за кого зборува.

Жената потоа продолжила со својата приказна им и порачала на патниците: „Сите можете да седите овде во овој авион и сите можете да умрете – но јас нема да седнам!“.

ВИДЕОТО МОЖТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ.

Видеото наводно е снимено додека авионот на American AirLines требало да полета од меѓународниот аеродром „Форт Ворт“ во Далас. Инцидентот го одложил полетувањето за три часа.

Лицето кое го објави видеото од вознемирената жена на социјалната мрежа Тик Ток вели дека, зачудувачки, таа не била уапсена по излегувањето од авионот.