(ВИДЕО) Започнав да се дрогирам за време на студентскиот протест! Нема да верувате што кажа Чеда Јовановиќ во емисија!
Лидерот на Либерално-демократската партија Чедомир Јовановиќ гостуваше во подкастот на ТВ Информер каде раскажа шокантни детали од неговото минато.
Во подкастот „Информер“, Јовановиќ отворено зборуваше за своето потекло, семејството, сопругата Јелена, зошто на своите деца им дава „чудни“ имиња, но и за тоа каде го погоди војната во 90-тите. –
Војната ме најде во елитната единица на ЈНА… Направивме сè што можвме и сè што не можевме – рече Јовановиќ.
Отворено зборуваше и за тврдењата дека е наркоман и насилник, за тоа како го започнал студентскиот протест и зошто почнал да се занимава со политика.
– За време на протестот се обидоа да ме снимаат како дувам, шмркам, или некој ми дава пари – објасни лидерот на ЛДП, а на прашањето кога почнал да се дрогира, одговори:
– Наркоманијата ми почна на студентскиот протест, Шешељ ја започна… дрога, алкохол…cè!
Тој отворено зборуваше и кажа што мисли за актуелната опозиција, за Александар Вучиќ, но и за политичарите во регионот.
– Ова што го прави опозицијата денес не е политика, тоа е дијагноза. Можете ли да замислите Ѓинѓиќ, Миќун и Драшковиќ да свиркаат и да викаат во Собранието? По изборите ќе биде како кога Вучиќ го удри тоа дете со банана во кошот. Како ќе одат на избори? Тие се бронтосауруси, пасат трева, а Вучиќ е тирекс што јаде живо месо…