ВИДЕО | ЗАЧЕКОРЕТЕ ВО МЕГА-ЈАХТАТА НА ВЛАДИМИР ПУТИН – Луксузниот воден ‘ѕвер’ кој успеа да го заштити од западните санцкии: Хелиодром, базен, кино…
Соработниците на затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални објавија видео на кое е прикажана луксузната јахта Graceful, за која тврдат дека му припаѓа на рускиот претседател Владимир Путин.
Соработниците на Алексеј Навални велат дека пред почетокот на инвазијата на Украина, јахтата била итно транспортирана од Германија и дека за време на војната, работите на неа биле завршени во Русија. Тие откриле и како биле заобиколени санкциите за реставрација на јахтата.
Рускиот антикорупциски фонд на Алексеј Навални го објави видеото на Јутјуб. Велат дека Graceful е една од трите големи јахти на Владимир Путин. Како и јахтите Olympia и Scheherazade, Graceful не била дизајнирана за претседателот на Русија, туку била повторно преуредена според неговите желби. Според тимот на Алексеј Навални, јахтата е украсена во стилот на старите јахти на Владимир Путин.
Јахтата Scheherazade беше запленета во пристаништето Марина ди Карара во Италија, а Graceful беше „евакуирана“ пред да биде под санкции.
На 19. јануари 2022 година, надлежните на јахтата Graceful го нарачаа транспортот од бродоградилиштето во Хамбург, Германија, иако работата на неа требаше да продолжи уште една година и суперјахтата не беше подготвена за пловидба. Потоа истата е донесена во Калининград.
Во јуни 2023 година, реставрираната јахта пристигна од Калининград во Санкт Петербург. Тимот на Алексеј Навални тврди дека јахтата моментално е на пат за Сочи и е под специјална придружба на руските тајни агенции.
Еден од доказите дека Graceful е наменета за Владимир Путин е дека на јахтата има припадници на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Во септември 2022 година, таа беше забележана во естонските води на пат од Санкт Петербург до Калининград, придружувана од брод на руската крајбрежна стража под команда на ФСБ;
Кабината на сопственикот на јахтата е опремена со „престиж-CB“, специјален телефон за комуникација, кој не може да се купи, а кој властите можат да го користат за строго доверлива комуникација.
Соработниците на Алексеј Навални добиле план од палубата на јахтата Graceful и проценка за поправки. На отворената палуба има хелиодром, салон со тркалезна маса за 12 лица, лифт и голема када.
На палубата, каде што се наоѓа и капетанската палуба, има дневна соба со клавир, три софи и телевизор.
Палубата на сопственикот во овој случај Владимир Путин, има базен кој може да се претвори во подиум за танцување или кино. Истиот дизајн е и на јахтата на Scheherazade. На истата палуба има трпезарија со маса за 12 лица и камин.
Има машки и женски кабини. Во главната спална соба има огромен кревет врамен со столбови. Во просторијата до спалната соба има кабинет со специјален телефон и модел на јахтата на Scheherazade.
Се вели дека една кабина и припаѓа на Алина Кабаева, неофицијалната љубовница на Владимир Путин.
Од главната кабина можете да се спуштите по скалите до теретаната, каде што има машини од американската компанија Hoist. Кабините за гостите и екипажот се наоѓаат на истата палуба. Има и неколку џет скии и два чамци.
Реновирањето вклучувало пребојување на трупот, замена на хелиодромот и палубата, поставување лежалки и чадори, поправка на мебел, полирање на мермерот, работа на лифтовите, базенот и џакузито и поставување на нова кабина за Владимир Путин.
Опремувањето на јахтата само во 2022 година чинеше 32 милиони долари или 29,5 милиони евра.
Дрвените производи чинат 240 милиони рубљи, што по сегашниот курс е околу 2,3 милиони евра, софа – 4 милиони рубли (39.000 евра), теписи – 6 милиони (58.000 евра), масичка за кафе – речиси 8 милиони (77.000 евра), два камини на палубата – 10 милиони (97.000 евра), а базенот поврзан со јахтата – 208 милиони рубљи (околу 2 милиони евра).
За Graceful се купени скапи садови, чешел од 11.000 рубли (околу 110 евра), игра со табла за половина милион рубљи (4.800 евра) и три специјални чадори за самоодбрана, од кои секој чини 1,2 милиони рубли, околу 11.600 евра.
Јахтата Graceful беше под американски санкции неколку месеци по почетокот на војната, но тие беа успешно заобиколени со помош на соработници во Европа, Турција и Дубаи.
Естонската компанија Briz Marine се согласи не само да ги купи и донесе во Русија екраните за јахтата на Владимир Путин, туку и да помогне во нивното репрограмирање. Естонски посредник ја презел опремата во Санкт Петербург, нашол курир кој однел сè во фабрика во Германија, а во пролетта 2023 година поправената опрема била вратена во Русија.
Италијанските добавувачи ги продолжиле деловните односи со фирмата која е формален сопственик на јахтата и покрај санкциите. Сите компромитирачки детали се изоставени од документацијата. Фактурата била обработена неколку пати: прво била издадена на руската компанија која стопанисува со јахтата, потоа на естонската компанија и на крајот фактурата ја платила компанијата од Дубаи. По плаќањето, робата била испратена од Италија во Литванија за да биде испорачана оттаму во Калининград, директно на јахтата.
Специјалните чадори за јахтата пристигнале во Калининград преку Турција и Литванија.
По руската инвазија на Украина, естонската компанија забележа нагло зголемување на приходите, пишува тимот на Алексеј Навални и додава дека имаат намера да поднесат жалба против секоја од овие компании.
Тимот на Алексеј Навални нагласува дека за време на војната се потрошени 3 милијарди рубљи (29,5 милиони евра) за „играчката на Владимир Путин“, од кои две милијарди (повеќе од 19 милиони евра) се потрошени за поправки и уште една милијарда (речиси 10 милиони евра) за плати за екипажот, директорите, комуникацијата, складирањето на сува пристаниште, гориво и репрезентативни трошоци.