ВИДЕО | ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ БЕЗ ЦЕНЗУРА – Легендарниот фудбалер во мега-интервју си ја отвори душата: “Пеп Гвардиола ме предупреди да не доаѓам со Ферари на тренинг, знаете што направив !?“

Легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ ја заврши кариерата на 41 година, а нема сомнеж дека фудбалскиот свет е посиромашен со неговото заминување.

Во својата кариера одигра 866 натпревари и постигна 511 голови, а листата на клубови каде што настапуваше е навистина импресивна: Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и ЛА Галакси, а кариерата ја заврши во дресот на Милан, неговиот омилен клуб.

Деновиве Златан Ибрахимовиќ му гостуваше на легендарниот англиски водител Пирс Морган, а тоа е првото големо интервју по неговото пензионирање. Кратки инсерти од разговорот се достапни на социјалната мрежа Х (Твитер) односно на профилот на Пирс Морган, а целото интервју ќе биде објавено во четврток.

Во една од најавите за интервјуто, Златан Ибрахимовиќ раскажа анегдота со Пеп Гвардиола со кој е познато дека никогаш немаа добри односи, уште од времето кога тој играше за Барселона.

На првиот тренинг Пеп Гвардиола ме предупреди да не доаѓам во клубот со моето Ferrari (Ферари). Знаете што направив ? Дојдов на тренинг во моето ебено Ferrari“, вели Златан Ибрахимовиќ.

Ќе биде интересно да се погледне целото интервју, најави Пирс Морган во објавата, а оваа кратка видео-снимка можете да ја погледнете ОВДЕ.