ВИДЕО | ИЗРАЕЛСКАТА АРМИЈА СИЛНО УДРИ НА ХЕЗБОЛАХ – Бомбардирани неколку локации во јужен Либан

Израелската Aрмија објави дека извршила напади врз неколку локации на Хезболах во јужен Либан.

Во соопштението до јавноста кое го пренесуваат странските медиуми, беше истакнато дека ова е одговор на повторените напади на организацијата врз северен Израел

Израелската Армија во одвоено соопштение соопшти дека борбени авиони погодиле „напреден“ ракетен систем земја-воздух во Либан, чија цел била израелско беспилотно летало во текот на ноќта.