ВИДЕО | ИЗРАЕЛСКИ ФУДБАЛЕР УАПСЕН ЗА ПРОСЛАВА НА ГОЛ – Го покажа натписот на зглобот, а со тоа ја запали цела Турција
Израелскиот фудбалер Сагив Јехезкел направи меѓународен инцидент по голот што го постигна во првенството на Турција викендов.
Сагив Јехезкел и донесе бод на Анталија со гол во 68. минута против Трабзон на домашен терен (1:1), но тој гол многу лесно прерасна во инцидент.
Кога постигна гол, Сагив Јехезкел тргна кон фоторепортерите и ТВ камерите каде го покажа зглобот на левата рака. На него имало завој и натпис „100 дена, 7.10“.
Со тоа тој алудираше на нападот на Хамас врз Израел на 7. октомври, односно колку денови биле израелските заложници во заробеништво пред да бидат ослободени. Тоа е прифатливо во Израел, но не и во Турција.
Не требаше многу време неговата прослава да стане вирална на социјалните мрежи, особено што Турците се на страната на Палестина во овој конфликт, па веќе еден час по натпреварот Анталијаспор мораше да се извини – и веднаш да објави дека Савиг Јехезкел треба да биде суспендиран. Бидејќи постапил спротивно на државните интереси на Турција тој ќе добие отказ, бидејќи суспензијата не ги задоволила доволно апетитите на гневните навивачи:
„Договорот ќе му биде раскинат, не прифаќаме такво однесување на поединци, па нека нè чини тоа и титула“, изјави претседателот на клубот Синан Бозтепе.
Проблемите за Израелецот не завршија тука, бидејќи веднаш по натпреварот беше приведен. Обвинителството во Анталија покрена истрага против фудбалерот затоа што со својот гест ги поттикнувал луѓето на омраза и непријателство, што го најави дури и турскиот министер за правда Јилман Тунч.
Се очекува процедурата да ја покрене Фудбалскиот сојуз на Турција, па потценување е да се каже дека Израелецот го „промаши голот“ кој го постигна викендов.
Савиг Јехезкел нормално игра на позицијата десно крило и повремено игра за репрезентацијата на Израел, додека во Анталијаспор е од минатото лето кога за 850 илјади евра дојде од Хапоел Бершева. Досега има шест гола и две асистенции.