ВИДЕО | Израелците објавија драматични снимки од разорните воздушни напади: “Го убивме главниот разузнавач на Хамас“

Израелските воздухопловни сили објавија на социјалните мрежи дека го убиле главниот командант на разузнавачката служба на групата Хамас во воздушен напад, јавува BBC

Во прилог на видео-снимката во која се гледа наводниот напад, се наведува дека воздушниот напад бил извршен во Кан Јунис, во Појасот ГазаBBC не ја потврди оваа информација, а објавената видео-снимка можете да ја погледнете ОВДЕ.

Израелската Армија претходно објави дека убила висок командант на терористичката организација Хамас при напад на северните делови на Појасот Газа. Се вели дека станува збор за Маатаз Еид, командантот на Јужниот воен округ на Хамас, кој е убиен во израелски воздушен напад врз Појасот Газа во понеделникот.

Израелската Армија објави во неделата вечерта дека речиси половина милион луѓе го напуштиле северниот дел на Појасот Газа и се упатиле кон југ. Тие објавија и дека, според ажурирани информации, милитантите на Хамас киднапирале 199 лица во нападот на јужен Израел.

Имаме детални информации за 199 заложници“, потврди Даниел Хагари, портпарол на вооружените сили.

Според претходните извештаи, се претпоставуваше дека 155 луѓе биле киднапирани од Хамас.

Хамас во понеделникот објави дека најмалку 2.750 луѓе загинале во израелските воздушни напади врз Појасот Газа.