ВИДЕО | ИСПЛИВА СТРАШНА СНИМКА ОД ТОРНАДО ВО СЛОВЕНИЈА! Покрај сите бури и невремиња, Словенците го доживеале и ова – погледнете

На словенечкиот веб-сајт neurje.si, кој се занимава со следење на невремето во таа земја, објавено е видео од послабо торнадо кое е снимено над Дравското поле.

На истоимената Фејсбук страница е наведено дека временскиот феномен невообичаен за нашите простори е забележан пред околу една недела и дека е снимен од извесен човек кој е претставен како ловец на торнада.

Торнадо

Ова торнадо се појави на 19. јули над Дравското поле во правец на Птуј и траело само десетина минути.

Погледнете го видеото ОВДЕ.

Станува збор за торнадо од категоријата F0 што развива ветрови од 65 до 120 километри на час.

Во меѓувреме, Словенија беше погодена од разорни суперклеточни бури, а многу посилно торнадо беше забележано минатата недела на северот на Италија.