ВИДЕО | КАДЕ ОТИДЕ СВЕТОТ !? Девојка шета младо момче на каишка, а тој се однесува како разгалено куче

На социјалните мрежи кружи бизарно видео снимено среде бел ден во Валенсија на 24. ноември.

На видеото се гледа како млада девојка шета млад човек на каишка, а сето тоа се одвива на прометната улица „Колон“. За кратко време, само на социјалната мрежа Тик Ток, видеото е прегледано повеќе од 2,4 милиони пати.

Локалните медиуми пренесуваат дека гледачите биле најмногу шокирани, особено затоа што момчето се однесува како „разгалено куче“.

Во еден момент момчето глуми дека се парел со друго куче, а потоа уринира на неа, додека случајните минувачи збунети ја гледаат сцената.

Во друга објава се гледа како момчето станува „агресивен“, се обидува да касне минувачи, а потоа и девојка која оди со него.

Многумина во коментарите пишуваат дека немаат зборови за да ја опишат својата реакција.

Други сметаат дека се е инсценирано, за да се „соберат“ лајкови, а други се загрижени за однесувањето на младите.

Илјадници коментари ја отсликуваат интензивната дебата, а ние останува да ве прашаме, како би реагирале кога би виделе ваква сцена ?