ВИДЕО | КАКВА УВЕРТИРА ПРЕД ВЕЧЕРАШНОТО ДЕРБИ – Жестока пресметка во пресрет на ЛШ: Летаа столици, чаши и тупаници, хулиганите фрлаа и факели еден кон друг
ПСЖ во вторник од 21:00 часот го пречекува Њукасл во петтото коло од Лигата на шампионите, а ден пред натпреварот имаше грда увертира. На улиците на Париз дошло до жесток судир меѓу гостинските и локалните навивачи.
Навивачите се тепаа низ Париз, а видео-снимка која се појави на социјалните мрежи покажува тепачка во паб каде што биле присутни навивачите на Њукасл. Хулиганите на ПСЖ ги гаѓале со столчиња и разни предмети, како и со бакли, а потоа се обиделе да влезат во пабот, од кој кон нив биле упатени чаши за пиво. Целиот судир бил проследен со пцовки од двете страни, а овој драматичен момент можете да го погледнете ОВДЕ.
Полицијата потоа наредила затворање на баровите кои претходно беа официјално одредени за гостинските навивачи, а клубот Њукасл ги предупреди своите членови да се држат заедно и да внимаваат еден на друг.
Навивачите на ПСЖ на тој начин го продолжија бранот насилства што започна уште пред првиот натпревар меѓу овие два клуба, во кој Њукасл победи со 4:1 во Англија. Во пресрет на тој натпревар беше избоден и еден навивач на Њукасл кој беше опкружен со банда на улица.