ВИДЕО | “КАКВО СЛАВЕЊЕ, МОРАМ ДА СЕ ВРАТАМ ВО СОМБОР!“ – Никола Јокиќ ги шокираше сите бидејќи сака веднаш да се врати во родната Србија: “Во недела имам…“

Никола Јокиќ одигра уште еден фантастичен натпревар и уште еднаш ги воодушеви сите, а овој пат го понесе и трофејот во најмоќната кошаркарска лига во светот – НБА! Србинот на Денвер Нагетс му ја донесе првата титула во НБА лигата, а потоа сакаше само една работа – да си оди дома!

Добро е, добро е. Ние ја завршивме работата“, накратко кажа тој на прашањето како се чувствува сега кога конечно го освои трофејот во НБА лигата, а потоа беше прашан како се чувствува што треба да ја брани титулата следната сезона со истиот тим: „Не знам ништо, ова е одлично. Не размислувам за следната сезона, ќе побарам од тренерот уште неколку недели одмор од вообичаеното за да можам да се подготвам за следната сезона. Ова требаше да биди шега!“, изјави Никола Јокиќ по прославата и ги насмеа сите во прес-салата.

Сепак, најголемото шоу се случи потоа! Пред да отиде да ги фрли соиграчите во базенот и да слави со луѓето што ги предводеше до титулата, новинарите го прашаа дали со нетрпение ја очекува победничката парада но, одговорот беше во негов стил:

Кога е парадата ? Кога ? Во вторник ? А не, морам да си одам дома! Уф!“, кажа Србинот, и сите се насмеаа! Погледнете го тој момент.

А зошто Никола Јокиќ толку брза да се врати во Сомбор ? Повторно, од причини единствени за него. Во НБА ТВ студиото нешто подоцна со легендите ја откри причината зошто сака утре веднаш да замине во Сомбор.

Во недела имам коњска трка, не знам како ќе стигнам ако треба да одам на парадата во четврток. Можеби треба да заминам во петок… Ќе побарам да ме пуштат дома…“, откри Србинот.