ВИДЕО | Каков гест на големиот Жозе Мурињо! Португалецот ја симнал капата и се поклонил пред Новак Ѓоковиќ, а му кажал и неколку зборови на српски јазик!
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ успешно го стартуваше турнирот во Рим, каде во два сета беше подобар од Аргентинецот Ечевери, а следен ривал ќе му биде стариот познаник Бугаринот Григор Димитров.
Натпреварот на Новак Ѓоковиќ од трибините го следеше и познатиот фудбалски тренер Жозе Мурињо.
По натпреварот, Жозе Мурињо се симнал во соблекувалната, каде го чекал Новак Ѓоковиќ, се поздравиле и разговарале заедно, а потоа Португалецот ја симнал капата и побарал автограм од Србинот.
Секако, Новак Ѓоковиќ му ја исполнил желбата која организаторите на турнирот ја овековечија, а потоа Жозе Мурињо му се заблагодари на социјалната мрежа Инстаграм.
Жозе Мурињо пораката ја напиша на српски јазик: „Хвала ти пуно!“ односно „Ви благодарам многу!“
Видеото погледнете го ОВДЕ.
Инаку, Жозе Мурињо е голем љубител на тенисот и најдобриот играч на светот Новак Ѓоковиќ.
Додека тој беше тренер на Челзи ги следеше натпреварите на Србинот во Лондон и во една прилика изјави дека е горд кога го запознал Новак Ѓоковиќ.
„Бев најгордиот човек на светот кога му подадов рака на Новак Ѓоковиќ. Тенисот е неверојатен спорт и луѓето од фудбалот можат многу да научат од него“, изјавил тогаш Жозе Мурињо.