ВИДЕО | Кој е “црвениот коњ“ во ВМРО ДПМНЕ: Дали е “државна тајна“ каде е роден новиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски !?

Во понеделникот во зградата на Министерството за внатрешни работи (МВР) и официјално се изврши примопредавање на функцијата министер за внатрешни работи, односно Оливер Спасовски му ја отстапи фотелјата на техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Оливер Спасовски и Панче Тошковски

За поголемиот дел од македонската јавност името на Панче Тошковски е речиси непознато и претставува целосна енигма. Во јавно објавената биографија на Панче Тошковски на веб-сајтот на МВР, можете да прочитате се и сешто, без малку е наведно и каде крадел цреши кога бил во основно училиште.

Панче Тошковски според информациите во биографијата е роден на 14. јуни 1982 година, но во многу „богатата“ биографија не е наведено каде е роден техничкиот министер за внатрешни работи. Напишана е датата кога е роден, но местото (град/држава) не е наведено во биографијата. Секој човек на Интернет може да види каде се родени едни од најмоќните луѓе во светот: Владимир Путин, Џо Бајден, Доналд Трамп итн., но не можете да видете или пронајдете во биографијата каде е роден Панче Тошковски. Оттука се поставува прашањето: Каде е роден Панче Тошковски ?

Каде е роден Панче Тошковски ? Во Скопје, во Велес или можеби во Ташкент, Узбекистан !?

Има ли врска Панче Тошковски со Узбекистан (Ташкент) и Русија ?

Во последната политичка анализа од новинариот Васко Ефтов наменета за сите оние кои се членови (members) на YouTube каналот Vasko Eftov ова беше една од главните теми (тези) на анализа. Зошто е сокриено местото на раѓање на новиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски ?

Дали семејството на Панче Тошковски има врска со Ташкент (Узбекистан) ? Дали семејството на Панче Тошковски и самиот тој припаѓаат на заедницата од Егејска Македонија која после граѓанската војна има емигрирано во Ташкент ? Кога семејството на Панче Тошковски, ако воопшто живеело во Узбекистан е вратено во Македонија ? Што правело семејството на Панче Тошковски во Советскиот Сојуз односно во далечниот Узбекистан ? За одговор на сите овие прашања и многу нови и ексклузивни информации за последните политички случувања во Македонија погледнете ја новата политичка анализа бидејки вие имате право да ја знаете вистината.