ВИДЕО | КРВАВА СВАДБА – Младоженец убиен за време на веселбата: Камерата снимила грозоморен момент – гостите танцуваа со оружје во рацете, а куршуми летаат насекаде
Младоженец од Јордан починал откако ненамерно бил застрелан од еден од гостите на неговата свадба.
На шокантното видео се гледаат неколку гости како пукаат со автоматски пушки во воздух додека танцуваат на музика. Неколку секунди подоцна, гостин сакал да го спушти автоматот, но испукал куршум кој го погодил младоженецот кој се забавувал на неколку метри оддалеченост. Од видеото се гледа и дека меѓу гостите имало и многу деца, а видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.
Трагедијата се случила минатиот месец за време на предсвадбените прослави во јорданската провинција Маан.
Младоженецот, кој бил полицаец, бил пренесен во болница, но подоцна починал од повредите.
Претставник на полицијата изјавил дека гостинот е уапсен и оружјето е одземено.
Наводно, невестата била во козметички салон кога ја добила погубната вест, а венчавката била планирана да се одржи следниот ден.
Властите забраниле пукање за време на прославите, а граѓаните кои неовластено употребуваат огнено оружје или експлозиви се соочуваат со три месеци зад решетки или парични казни. Тие ја промовираа и кампањата „Не ја убивај својата среќа“.
Празничните пукања се доста чести на Блискиот Исток.