ВИДЕО | Легендарниот Ацо Петровиќ открива кој играч му бил вистински кошмар на Дражен Петровиќ: “Му украде неколку топки и целосно го полуде!“
Познатиот хрватски кошаркар и селектор Ацо Петровиќ откри интересна анегдота од Светското првенство во Шпанија во 1986 година, каде Југославија го освои бронзениот медал.
На турнирот Југославија загуби од Соединетите Американски Држави (69:60), а на легендарниот Дражен Петровиќ на тој натпревар сериозни проблеми му зададе плејмејкерот Мегси Багс.
Ацо Петровиќ открива дека токму Мегси Багс бил „кошмарот“ на Дражен Петровиќ.
„Мегси Багс! Еден од ретките што го полуде Дражен Петровиќ. Тоа се случи на натпревар во групата САД – Југославија, за време на СП во Шпанија во 1986 година. Дражен Петровиќ го нападна со дриблинг, а тој со висина од 160 cm украде неколку топки од него и целосно го излуде“, напиша Ацо Петровиќ во објава на социјалната мрежа Х (Твитер).