ВИДЕО | Млада девојка од Шпанија заминала во болница поради крв во нејзиното уво, а она што го откриле докторите било навистина страшно: “Тоа чудовиште живеело во мене…“
Девојка по име Ирис Новау Дијаз од Шпанија неодамна заминала во болница откако забележала крв во нејзиното уво. Таа потоа споделила застрашувачко видео на социјалната мрежа Тик Ток кое го покажува моментот кога докторите ја откриле причината за нејзините маки. Имено, во нејзиното уво живеел молец, а притоа не многу мал.
На видеото се гледа како докторот ја прегледува, а по неколку минути и неколку обиди, тој со пинцета го отстранува инсектот додека девојката вреска од болка.
„Кога инсект ќе одлучи да живее во твоето уво“, напишала таа во описот на грозоморната објава.
„Увото ми крвареше и можеа да ги видат само ситните нозе на чудовиштето“, напишала Ирис Новау Дијаз, која живее во Каталонија, шегувајќи се дека ова е голем срам за неа.
Видеото привлече големо внимание кај корисниците на социјалната мрежа, од кои еден напишал дека постојано ќе „живее во страв“ доколку нему му се случи истото.