ВИДЕО | МОРНИЧАВИ ДЕТАЛИ – Прва исповед на жената која ги загуби сопругот и синот во подморницата ‘Титан’: “За се е виновна Рубиковата коцка!“

Сулејман Давуд, тинејџерот кој минатата недела го загуби животот на подморницата „Титан“, на своето патување со себе зел Рубикова коцка, а неговата главна цел била да го собори светскиот рекорд, открива неговата мајка во првото појавување во јавноста по трагедијата.

Кристин Давуд за BBC изјавика дека нејзиниот син Сулејман веќе се пријавил за Гинисовата книга на рекорди, а неговиот татко Шахзада Давуд донел камера за да снима се. За жал, нивната авантура не траеше долго – „Титан“ имплодираше, а екипажот и гостите загинаа.

@dailymail

The 19-year-old applied to the Guinness World Records and his father had brought a camera to capture the moment #fyp #titanic #submersible #submarine #titanicsub #sulemandawood #tragedy #rubikscube

♬ original sound – Daily Mail

Од првите редови трагедијата ја следела мајката Кристин Давуд која била на матичниот-брод што ја следи подморницата „Титан“, „Polar Prince“.

Комуникацијата со ‘Титан‘ се изгуби многу брзо. Не разбрав што значи тоа во тој момент, но потоа сè тргна надолу“, вака ја започнала својата приказна Кристин Давуд.

Требаше да бидам во таа подморница уште порано, но пандемијата ми ги расипа плановите. После тоа, му го препуштив местото на Сулејман, кој многу сакаше да оди. Ја обожаваше Рубиковата коцка, ја носеше секаде со себе. Знаеше да ја реши за 12 секунди. Во еден момент ми кажа – Сакам да ја решам Рубиковата коцка на длабочина од 3.700 метри во близина на ‘Титаник“, открила мајката.

Ќерката на Кристин, Алина, исто така и правела друштво. Целото семејство се дружеле и се шегуваше до моментот кога таткото и синот не влегле во подморницата „Титан“.

Се радував за нив, толку многу сакаа да одат… А мојот сопруг беше опседнат со се и сешто, тој е тип на маж кој оди да гледа документарци после вечера“, вели таа.

Кристин Давуд зборувала и за деновите по исчезнувањето на „Титан“.

Мислам дека изгубив надеж откако поминаа 96 часа. Се подготвив за најлошото…“, признала таа во своето прво појавување во јавноста по несреќата.