ВИДЕО | Настава на само 25 километри од линијата на фронтот: Украинските деца се вратија во училиште во подземните метро станици на градот Харков

На само 25 километри од линијата на фронтот, учениците во Харков учат под земја на метро станиците во градот, пишуваат украинските медиуми.

Властите во вториот по големина град во Украина одлучиле дека тоа е најбезбедната опција, но и можност младите повторно да се дружат, работејќи рамо до рамо. Медиумите наведуваат дека Русија уништила повеќе од 1.300 училишта во Украина. Сепак, децата во земјава сонуваат за својата иднина и работат на остварување на своите амбиции.

По две години учење онлајн, многу е добро кога доаѓаш и ги гледаш очите на децата. Кога можете да ги слушнете не преку звучниците на вашиот уред, туку со вашите сопствени уши. Во принцип, овој метод е многу полесен за учење“, изјави професорот Јегор Расторгуи за украинските медиуми.

Метро станицата каде што учат има капацитет за 400 ученици од основно до средно училиште.