ВИДЕО | НЕВЕРОЈАТЕН СЛУЧАЈ ГО ШОКИРАШЕ СВЕТОТ – Осум години имал тумор на мозокот, а ниту докторите не можеле да го откријат: “Ова се клучните знаци!“
Човек чиј тумор на мозокот не бил дијагностициран осум години, сега зборува на социјалните мрежи за клучните предупредувачки знаци на кои секој треба да внимава.
Мет Карпентер, автор на „A Trip Down the Rabbit Hole: My 10 Year Journey with s Brain Tumor“, спомна повеќе предупредувачки знаци кои требало да го натераат порано да оди на доктор, пишува Daily Mail.
Во јануари 2018 година, на Мет Карпентер конечно му било кажано дека има израсток на глиом на мозокот, за што била потребна итна операција.
Сега вели дека дотогаш сите симптоми ги припишувал на високиот стрес и претераната работа.
„Сигурно можам да ви кажам неколку знаци и симптоми“, вака го започнува тој своето обраќање во видео објавено на социјалната мрежа Тик Ток.
„Осум години мојот тумор на мозокот остана неоткриен. Очигледно станувал сè поголем и поголем, а јас ниту еднаш немав главоболка, дури и мамурлак“, вели тој.
Главоболките обично се на врвот на листата на симптоми на тумор на мозокот, па донекаде е разбирливо што Мет Карпентер не отишол на преглед.
Заматениот вид е исто така чест симптом, нешто што Мет Карпентер никогаш не го доживеал.
Но, по КТ скенирањето во 2010 година, поминале две или три години додека не му се појавиле првите симптоми. Тогаш забележал дека неговиот говор станува чуден.
„Одвреме-навреме чудно изговарав зборови. А кога сум трезен, би заборавил како да изговарам одредени зборови или што кажувам сред реченица“, вели Мет Карпентер, кој мислел дека само треба да посети логопед.
Неколку години подоцна, дошло до голема промена во неговото ментално здравје.
„Моите емотивни реакции беа доста вознемирени“, вели тој.
Но, и тоа може да се објасни поинаку, а тој верувал дека сето тоа се должи на големиот притисок на работа, каде што работел 70-80 часа неделно.
„Најголемиот знак што требаше да го земам во предвид се појави дури во 2017 година, една година пред дијагнозата. Ова се случи кога патував за САД“, вели тој и објаснува дека за време на тој лет седел покрај еден ирски пар – заспал, а откако се разбудил тие му кажале дека тој испуштал бизарни звуци и лигавење и тешко дишел.
„Го погледнав парот што седеше до мене и се ми беше јасно: изгледаа преплашено“, додава Мет Карпентер.
Потоа си кажал дека се се случило поради лош сон, но слични искуства продолжиле и во месеците пред дијагнозата.
„Се испостави дека не е парализа при спиење како што постојано си кажував. Имав тешки напади, но само кога бев уморен или под стрес, па имав многу. Но, продолжив да измислувам изговори“, вели тој.
Еден од овие напади му се појавил на работен состанок. Чувствувал како да има мозочен удар и тогаш отишол на доктор и конечно добил дијагноза.
„Најдобриот совет што можам да го дадам на секој кој е загрижен за своето здравје: разговарајте со доктор. Ако мислите дека нешто не е во ред, прашајте. Требаше да прашам многу порано“, вели тој.
Дијагностициран му бил во јануари 2018 година, а туморот му бил отстранет два месеци подоцна. Тој морал да биде буден за време на операцијата.
„Делот од мозокот каде што се наоѓаше туморот ги контролира движењата на левата страна на моето тело, па по операцијата не можев да ја мрдам таа страна. Во првите денови мислев дека ќе биде трајно. Тоа беше стресен период“, открива овој човек.
Неговото опоравување во болница по операцијата траело околу една недела и тогаш му било кажано дека во блиска иднина нема да може да се врати на работа.
Меѓутоа, само три месеци подоцна тој продолжил да работи полни ноќни смени во хостел за бездомници. Згора на тоа, еден месец подоцна направил и трка на издржливост составена од патека со пречки од 16 до 19 километри.
Сега, покрај работата, Мет Карпентер ги продолжува физичките активности со планинарење на Килиманџаро, највисоката планина во Африка, за хуманитарни цели.