ВИДЕО | Никој претходно вака го нема понижено ‘Кралот’! Играчот на Мемфис му влезе лице-в-лице на Леброн Џејмс и му порача: “Ти си стар играч…“

Мемфис Гризлис го совлада Лос Анџелес Лејкерс (103:93) и со тоа го изедначија резултатот на 1:1 во плеј-оф серијата од НБА лигата, а во центарот на вниманието е конфликтот меѓу Дилон Брукс и Леброн Џејмс, ако воопшто може да се нарече како конфликт.

Дилон Брукс е еден од „највалканите“ играчи во НБА и ужива да ги провоцира, главно вербално, противниците, па против Леброн Џејмс се обидува да ја добие битката во и надвор од теренот и не бира зборови кога зборува за еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Без разлика што Леброн Џејмс беше најдобриот играч во редовите на Лејкерс во поразот од Гризлис и што постигна 28 поени и забележа 12 скока, немаше причина Дилон Брукс да застане, да размисли и да не каже пофални зборови за „Кралот“. Згора на тоа, овој играч дури и по победата имаше причина да удри по Џејмс.

Двајцата се провоцираа во текот на целиот натпревар, а Џејмс на еден од прекршоците на Брукс искоментира дека тој е – ‘глупав’, а потоа играчот на Мемфис почна да го провоцира и ми влезе в лице и му кажа: ‘Не ми е гајле, ти си стар човек. Знаеш на што мислам. Те чекам да го направам тоа во четвртиот или петтиот натпревар. Не почитувам никого додека не ми даде 40 поени’“, велат НБА коментаторите.

За негова несреќа, Леброн Џејмс е предолго во лигата и ретко сме го виделе да реагира на провокации, па овојпат целосно го „ослободи“ Дилон Брукс. Секако, ова не е прв пат противничките играчи да се обидат да го испровоцираат Џејмс, па за паметење се и неговите дуели со Ленсон Стивенсон и Патрик Беверли.