ВИДЕО | Објавена е драматична снимка на која се гледа како студенти скокаат од зградата на Универзитетот во Прага во страв и бегство од масовниот убиец

Сцените на хорор во Прага вчера го обиколија и го запрепастија целиот свет. Злосторството што го изврши 24-годишниот студент Дејвид Козак на Универзитетот „Чарлс“ ќе се анализира долго време, а студентите кои биле во близина на пукањето, или кои изгубиле во масовното пукање, засекогаш ќе имаат болен спомен од вчера.

Од вчера попладне пристигнуваат драматични видео-снимки од Прага. На нив се гледа како луѓето панично бегаат кон познатиот мост „Карлов“ во центарот на главниот град на Чешка.

Студентите се криеле во училниците или бегале надвор од зградата на факултетот, по балконите. Се појави и видео на кое се гледа како студенти скокаат од највисоките катови на зградата на балконот на долниот кат за да се спасат од масовниот убиец. Се слушаат и морничави врисоци.

Четиринаесет лица, меѓу кои и тројца странци, се жртви на „крвавата гозба“ на 24-годишниот Дејвид Козак. Вкупно 25 се повредени.

Во близина на зградата каде што се пукало луѓето носат цвеќе и палат свеќи и тивко се сеќаваат на жртвите. Црни знамиња се веат над зградата на Филозофскиот Факултет. Целата зграда е осветлена, а полицијата се уште е на терен.