ВИДЕО | Објавена шокантна снимка од нападот на болницата во Појасот Газа: “Прво се слушна звук на шушкање, а потоа…“
Еван Хил, репортер на Washington Post, објави видео на кое се гледа моментот кога била погодена болницата „Ал-Ахли“ во Појасот Газа.
„На видеото се слуша шушкање на проектил низ воздухот, а потоа експлозија, проследена со портокалов пламен“, пишува Еван Хил во објава на социјалните мрежи.
Драматичното видео кое го сподели Еван Хил можете да го погледнете ОВДЕ.
Потоа на социјалните мрежи беа објавени уште неколку видеа на кои се гледа моментот на нападот на болницата во Појасот Газа, а истите можете да ги погледнете ОВДЕ.
Палестинските здравствени власти во Појасот Газа тврдат дека во нападот загинале најмалку 500 луѓе, а под урнатините се наоѓаат уште стотина жртви. Хамас нападот го нарече чин на геноцид, додека израелската Армија објави дека организацијата Исламски Џихад е одговорна за нападот.
Нападот предизвика гневни реакции кај Палестинците на окупираниот Западен Брег, каде населението излезе на улиците во голем број градови, а судирите меѓу демонстрантите и полицијата продолжуваат во Рамала, Џенин, Наблус и други градови каде, според извештаите на медиумите, владее хаос.
Тамошното население долго време е огорчено од постапките на палестинската управа и нејзиниот претседател и прв човек на владејачката Фатах – ривал на Хамас – Махмуд Абас, кого го критикуваат за прекумерна соработка со Израел и неспособност.
Демонстрантите излегоа на улиците и во соседен Јордан, каде толпата се обиде да ја окупира израелската амбасада, а протестите се проширија и во Турција, каде илјадници луѓе се собраа пред израелската амбасада за да протестираат против нападот на болницата во Појасот Газа.