ВИДЕО | „Ова би ме извадило од памет“: Тродимензионална Барби ги исплаши луѓето во Дубаи

Продукциската компанија „Ворнер брос“ направи неверојатно ефикасна маркетинг кампања за филмот „Barbie“, што резултираше со голем интерес за новото достигнување на режисерката Грета Гервиг, пишува „Индепендент“.

Сепак, еден посебен маркетинг трик стана вирален на социјалните медиуми поради неговата „застрашувачка“ природа, при што неколку обожаватели изразија олеснување што не го виделе во живо.

Огромен тродимензионален виртуелен модел на куклата Барби е поставен пред највисоката градба во светот – Бурџ Халифа во Дубаи. Барби е облечена во легендарниот црно-бел костим за капење и на секои неколку минути прави чекор надвор од кутијата.

„Мислам дека ќе добијам срцев удар ако го видам ова во живо“, „Ова би ме извадило од памет ако не знам за што станува збор“, „Зарем ништо не научивте од реалистичните јапонски билборди или куклата од ‘Squid Game’?“, гласат коментарите на социјалните медиуми, дел од нив со доза на хумор.

Како и да е, силната маркетинг кампања за „Barbie“ ја постигна својата цел. Филмот собори повеќе рекорди и заработи 337 милиони долари во првиот викенд на неговото прикажување во киносалите ширум светот.