ВИДЕО | ОВОЈ ГЕСТ НА НОВАК ЃОКОВИЌ ДОКАЖУВА ДЕКА ТОЈ ИМА СРЦЕ СО ГОЛЕМИНА НА ПЛАНИНА – За ова долго ќе се зборува

Најдобриот светски тенисер во моментот, Новак Ѓоковиќ, за време на турнирот во Торино одвои време за да се сретне со негов голем обожавател.

Момче по име Лоренцо го обожава Новак Ѓоковиќ, а неодамна го покажа својот талент и направи слика посветена на најдобриот тенисер на светот.

За мене правењето цртеж на рака со сите детали што треба да ги земам во предвид и тешкотиите што ги имав, главно поради мојата болест, беше навистина подвиг. По неколкумесечна упорност, ментална сила и решителност, го завршив. Како што тоа го прави мојот идол Новак Ѓоковиќ. Ова е мојот подарок што се надевам дека еден ден ќе му го дадам лично“, изјавил неодамна Лоренцо.

Новак Ѓоковиќ го видел тоа и веднаш решил да стапи во контакт со Лоренцо преку неговиот тим менаџери и спаринг партнер, Чарли Гомез и му понудил да дојде во Торино за да се запознае и да го гледа неговиот натпревар.

Тоа се случи, а младиот човек беше воодушевен од гестот на Новак Ѓоковиќ. Овој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Два дена му гостував на Новак Ѓоковиќ и си го исполнив сонот. Тој и неговиот тим беа фантастични, никогаш нема да престанам да бидам благодарен за ова. Се надевам дека наскоро ќе се видиме“, изјавил Лоренцо по средбата со Новак Ѓоковиќ и гледањето на неговиот натпревар против Јаник Синер.