ВИДЕО | ОВОЈ ЧОВЕК ИМА ОСВОЕНО ЛОТАРИЈА СЕДУМ ПАТИ – Има три совети за кои велат дека гарантираат успех

Ричард Лустиг, кој седум пати ја има освоено максималната добивка на лотарија, ги сподели своите совети како да ги зголемите шансите да добиете на лотарија.

Овој човек од Орландо, Флорида, САД освоил големи добивки во седум лотариски игри кои изнесувале повеќе од милион долари.

Три работи што можете да ги направите за да ги зголемите шансите за добивка на лотарија се да ги изберете сопствените броеви и да се држите до нив секој пат; исто така, одредете буџет и никогаш не трошете пари за кирија или храна за да играте на лотарија“, вели Ричард Лустиг во интервју за Fox News.

Па, првиот совет е да избирате броеви и да се држите до нив секој пат.

Проблемот е што броевите на лотаријата се избираат сосема случајно, што значи дека ниту една комбинација нема да ги зголеми вашите шанси во која било дадена прилика, според магазинот Forbs.

Вториот совет на овој човек е едноставен: одредете буџет за уплата.

Нема смисла да освоите 10 илјади долари ако веќе сте потрошиле 20 илјади долари на билети“, вели тој.

И неговиот трет совет е: Колку повеќе играте, толку е поголема веројатноста да освоите награда!