ВИДЕО | Омилената водителка на Александар Вучиќ го покажа екранот од мобилниот телефон на телевизија во живо, а луѓето во неверување: Погледнете што најмногу гледа Јована Јеремиќ на Интернет
Јована Јеремиќ, можеби најпознатата водителка на омилената телевизија на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на утринската програма на TV Pink сакала на гледачите да им покаже одредено видео од Интернет, но инсистирала тоа да го направи од својот телефон, а тоа всушност била голема грешка…
„Вчера имавме технички проблеми, но не е важно, мојот телефон работи“, рекла Јована Јеремиќ и го извадила мобилниот телефон. Додека на нејзиниот мобилен телефон се емитувале различни кадри од снимката, гледачите можеле да ги видат имињата на неколку порнографски страници на горниот дел од екранот на телефонот на новинарката односно што таа последно пребарувала на Интернет.
Јована Јеремиќ сега тврди за соседните медиуми дека не ги посетила овие веб-страници за возрасни и дека наводно не знае за што станува збор.
„Знаете дека немам проблем да кажам дека гледам нешто, но ова нема врска со мене. Не гледам порно филмови на мојот телефон, а кога ги гледам тоа го правам на компјутер. Гледам што е означено овде, но не посетувам ништо од тоа, ниту користам Твитер затоа што немам. Како што ми беше пратен линкот, го пуштив, тоа е тоа“, изјавила Јована Јеремиќ за веб-поралот 24sedam.
„Кога ќе кликнете на линкот се нуди некоја порнографска содржина, кликнав со намера да ја исклучам, но јас немам гледано порно филмови на телефон. Тоа воопшто не е моја листа на зачувани страници“, тврди таа.